Сите ликови што гледаат светско во ракомет
Денеска, 10-ти Јануари започнува светското првенство во ракомет. Сите ние ќе навиваме за нашите ракометари и ќе се надеваме на најдобри можни резултати.
Но кои се сите ликови што гледаат Светско во ракомет? Направивме детална анализа и дојдовме до овие резултати!
Генијалецот – Овој човек е генијалец. Има мислење за се! И не само тоа! Неговите мислења се навистина точни (според него)
До пред пар месеци беше генијалец за загадување, пред тоа беше генијалец за политика, пред тоа генијалец за избори на Мис, пред тоа беше генијалец за економската криза во северно-јужна Тунгузија, а сега е генијален експерт и за ракомет. Не вреди да се дебатира со него. Он знае се.
Последен пат гледал ракомет: Пред година дена кога исто така беше експерт за ракомет. Од тогаш нема појма што се дешава. Нема поим кој е Тимур Дибиров. Мисли дека Тимур е другарот на Пумба од “Кралот лав”
Женска што сака лајкови – Секогаш постира нешто што би и собрало најмногу лајкови. Слика со кученце, слика со елка, слика со плишано мече…
Нормално, сега ќе постира слика со дрес од Македонија. Ќе собере илјада лајкови и стотици коментари од типот на “Add me blok sum”, “Boo lepoticeeee booo”, “Auuuu prava makedonka ubavica makedonsko devojce kitka sarena”
Последен пат гледала ракомет: На ова прашање одговара “Да ми текне само… ааа да!!! Ми текна! Гледав тогаш ракомет кога беше тој Бошко Мекејлебовски или како и да се викаше…да, да, добри се овие ракометарите, тој е добар, а и оној Перо Антички исто добар беше мислам, јаки цепелини им пикна…ваљда пикер е штом им пикнал… шо знам…”
Админи на фејсбук страни – Со душа го чекаат овој период. Можат да постираат било каква глупост и ќе им собере стотици лајкови. Пишуваат статуси од типот на “MESARA BAMBI PRODAVA MESO OD ELENI. CENA POVOLNA. KLIKNI LAJK AKO GLEDAS RAKOMET, SAKAS DA JADES MESO ILI SAKAS DA JADES MESO DODEKA GLEDAS RAKOMET! ZA MAKEDONIJA!!!”
Последен пат гледале ракомет: Никогаш.
Патриоти – Немаат поим кој е Карабатиќ. Немаат поим кој е Хансен. Немаат поим кој е светски шампион во ракомет. Немаат никакво познавање од ракомет, ама апсолутно секогаш се активираат и стануваат #1 фанови за време на секое големо првенство. За нив се освен титула е неуспех. Ако некој пише “Па види, Хрватска е јака, нема ние тука да бараме поени, нашата шанса ќе се бара против Исланд” тие ќе пишат “A STO HRVATITE POARNI DA NE SE??? ZASTO GI MRAZITE NASITE MOMCI MAKEDONCI TIE SE CHEDA ALEKSANDROVI MOZHAT SO SEKOGO!!! HRVATITE SE ISTO KO NAS PORANESNI JUGOSLOVENI GI ZNAEME NIE MNOGU DOBRO IMA DA GI POBEDIME 20 RAZLIKA MOZAT NASHITE SAMO OPTIMIZAM I VERBA VO MAKEDONIJA!!!!
Последен пат гледале ракомет: Минатото првенство
Луѓе што гледаат ракомет само за да ги гледаат интервјуата на Столе Стоилов – Ова не е категорија. Авторот на овој текст сакаше да се спомене себе си. Гледам ракомет само за интервјуата на Столе. Се надевам дека ќе каже некој “Стоилизам” кој ќе остане да живее до следното првенство.
Ајде Столе, не ме разочарувај, навивам на тоа дека ќе имаш уште една неверојатна фраза која што ќе ја користиме уште долго време.
Последен пат гледале ракомет: Сеа пред малце…
П.С. Ок, сега озбилно… НАПРЕД НАШИ!!! Што и да се случи навиваме за вас и се надеваме на победи проследени со неколку лажни цепелини!