Топ 8 причини зошто е добро што го сменивме името:
Не очајувајте! Има осум причини зошто не е така лошо што го сменивме името!
-Со новово име никогаш не сме изгубиле фудбалски натпревар
-Поради новото име македонската радио телевизија скратено ќе се вика СМРТ
-Со новово име никогаш не сме биле неуспешни на Евровизија! Плус како северњаци поголеми се шансите по грешка да добиеме поени од скандинавските земји!
–МАНУ сега ќе мора да се вика СМАНУ…а СМАНУ значи…………….апослутно ништо, исто колку што е и релевантноста членовите на МАНУ во 2019
-Ќе исчезнат сите хејтери на примиерот, и никој нема да смее да каже дека Зоран Заев е еден од најнеспособните политичари во Република Македонија, бидејќи официјално нема да постои Република Македонија
-Кога ќе отидеме на собир со земјите од цел свет, ќе бидеме седнати до лидерот на Северна Кореа, што значи сите очи ќе бидат вперени во нашата држава..или барем неколку сантими подалеку од нашата држава (а што би рекла женска ми……неколку сантими не праат никаква разлика)
-Како Северна го имаме секое право да се пуштаме на женски од Јужна Америка велејќи им ЈАВИ СЕ ЈУЖНА – СЕВЕР ТЕ БАРА!
–Конечно ќе го решиме проблемот со Грција!!! И нема повеќе да слушаме проблеми за тоа како на нашите јужни соседи им смета нешто друго! Затоа и не е така лошо што го сменивме знамето….ок извинете ова е стара шега од рани 90ти…не знаеме како се нашла тука…