Во недела – трибјут епизода и документарец за Тоше
Со неговата музика и неговите пријатели кои ќе раскажат досега нечуени приказни – доста исполнета со убави спомени и музика ќе биде новата Еден на Еден епизода посветена на Тоше Проески.
Во овој трибјут по повод неговиот роденден, за Тоше ќе зборуваат Елена Ристеска, Иван Мирчевски и Сонња Неделковска, како и неговиот внук Кристијан Ристески. Во студиото ќе бидат и Александар Тарабунов и Антонија Гиговска, кои заедно со бендот на Тоше – Гуру Харе бенд ќе пеат дел од неговите песни.
Паралелно со емисијата, истиот ден на „Јутјуб“ каналот на „Еден на Еден“ ексклузивно ќе биде прикажан документарецот за Тоше кој Жаре го создаде пред неколку години. Се работи за филмот „По тебе“ кој само еднаш беше прикажан на А1 телевизија. Во него зборуваат Игор Џамбазов, Калиопи, браќата Тавитјан и уште многу пријатели и соработници на Тоше.
Не ја пропуштајте Еден на Еден епизодата за Тоше во недела од 18:30 на Канал 5, како и документарниот филм „По тебе“ истата вечер на „Јутјуб“.