Неле Карајлиќ доаѓа во „Еден на Еден“
Легендата на југословенскиот рокенрол, Неле Карајлиќ доаѓа во „Еден на Еден“. Во едночасовниот специјал, кој ќе се емитува оваа недела на „Канал 5“, Др. Неле Карајлиќ зборува за неговата неодамнешна лична трагедија – загубата на неговиот брат.
Жаре ќе го наврати Неле и во годините кога се формираше „Забрањено пушење“ и почетоците на „Топ листа надреалиста“.
За шетањето низ светот, но и концертите низ Македонија, каде редовно го гледавме за време на војната, не го пропуштајте „Еден на Еден“ спцијалот.
Неле Карајлиќ во недела, 31 март, од 18:30 часот на „Канал 5“.