Кога тоа било забрането, Чола девизите си ги купувал во Македонија
Кога тоа било нелегално во остантиот дел од Балканот, Здравко Чолиќ за неговиот бизнис купувал девизи преку Македонија. Ова легендарниот Чола го открива во новата епизода на „Еден на Еден“, која ќе се емитува во недела.
Чолиќ зборува за своите обиди како бизнисмен и времето кога отворил компанија за телефонски двојници
(ако знае што се – стара е за тебе), но и за тоа што би работел доколку не бил пејач.
Сум размислувал на оваа тема и знам дека доколку не продолжев со пеење би отворил туристичка агенција. Мислам дека туризмот е динамична професија која добро би ми легнала, му призна Чола на Жаре.
Во недела во студиото на „Еден на Еден“, балканската ѕвезда открива дека е Близнак во хороскоп, па затоа најголема мана му е неодлучноста.
Со мојата сегашна жена се забавувавме 11 години, а не можев да се одличам дали да се женам или не, се смее Чолиќ.
Ова и уште многу други интересни теми во недела од 18.30 на Канал 5.
Не ја пропуштајте епизодата во која специјално ќе запее неколку песни!!!