10 Типови на коментари кои ќе ги најдеш после секој македонски спортски успех:

Тип 1: Е што? Демек спортот е битен? Децата во Африка леб немаат да јадат вие се радувате за ова? Вие сте неинтелигентни суштества што се лажат на panem et circenses тоа е уствари латинска фраза ја сум ептен паметен и знам латински фрази изгуглајте вие глупави суштества што уште гледате спорт во 2019!

Тип 2: ПУШЕТЕ ГО ГРЦИ СРБИ БУГАРИ И ЦРВИ КАДЕ СТЕ ВИЕ ВО ОВОЈ СПОРТ КАДЕ ШТО НЕ СЕ НИ ЗАМАРАТЕ? ААА? КАДЕ СТЕ? МАКЕДОНИЈА ДОНТ ЧЈУ ФИРОМ МИ ТОА Е БАЈО МОЈ ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА АААААА!

Тип 3: А што? Ти да не победи што се радуваш? Победија играчите! Нема тука простор за радување не е ваш успех не знам зошто славите..

Тип 4: Играчи добиваат толкава плата а јас имам помала плата од нив? Што е оваа неправда? Зошто газдата на клубот не донира и не изгради центар за деца кои што не можат да читаат добро и сакаат да научат да прават други работи исто така добро?

Тип 5: * постира ливче од спортска со уплатено 50 денари на нашата екипа* ТООО БАЈО МОЈ КОЈ СИ ЗНАЕ СИ ЗНАЕ ХАХАХАХА ТИПС ВО ИНБОКС ПЛАТЕТЕ ОДНАПРЕД ХЕХЕХЕЕ

Тип 6: Видете. Овој успех е во директна корелација со мојата политичка агенда. Имено мојата политичка идеолигија е причина за овој успех, а не како таа другата политичка агенда што не ја поддржувам која што сигурно ќе резултираше со неуспех!

Тип 7: Прв пат го гледа спортот во живот ама тоа не го спречува да пише “TOOOO ЗНАЧИ ПИКЕРОТ ЈА РЕШИ РАБОТАТА ЗА МАЛЦЕ ЛИБЕРОТО ЌЕ ЗАЕБЕШЕ РАБОТА АЛИ ПИКЕНРОЛОТ ИЗИГРА ИСТО ТАКА ОДЛИЧНО ЗА ТРИПЛ ДАБЛ БРАОС ЗНАЕВ ДЕКА ОВИЕ ДРУГИТЕ ВРСКА НЕМААТ!

Тип 8: Ја батка…..не ебам жива сила и сите ми викаат брао бе батка тоа е муж…..освен тие што не ми викаат. Е не ќе гледам спорт на евтина струја. Не се замарам ја со вакви мејнстрим работи, пратам само вистинска уметност

Тип 9: За малце ќе не заебеа судиите АМА МАКЕДОНСКАТА ПОБЕДНИЧКА АЛЕКСАНДРОВА КРВ НЕ СЕ ДАВА ТАКА ЛЕСНО И ПАК ГИ ПОБЕДИВМЕ ИЛУМИНАТИТЕ КОИ ШТО САКАА ДА НИ НАШТЕТАТ АМА НААА ШО ЌЕ ИМ ГО ДАДЕМЕ!!!

Тип 10: Коментира на статуси каде што некој пишал “ФАЛА БОГУ И НИЕ ДА СЕ ИЗРАДУВАМЕ!”. Коментарот му е во стил на “Um…actually…нема доказ дека постои Бог, така да во 2019 не знам зошто уопште некој има различни гледишта од тоа што е во моментов популарно. Подобро заблагодари се на играчите кои што се бореа а не на т.н. Господ”