РЕТРО ГАЛЕРИЈА: Дац и Митевски какви што не сте ги знаеле
Продуцентот Александар Митевски пред да му станат заштитен знак песните „Срце тетоварно“ или „Кометал шампионе“ пеел во рап групата “ОК Бенд“.
А актерот Драган Спасов-Дац кариерата ја почнал како манекен, шетајќи на модна писта со мајка му и со тетките, во плетено џемперче.
За потребите на некои претстави, играл и гол на сцената на Драмски театар, а постои и сцена каде што Дац силите ги измерил со поранешниот премиер Никола Груевски.
И двајцата биле актери во познатата претстава “Грев или шприцер“.
Сите овие приказни, и не само нив, ги слушавме во новата епизода од „Еден на Еден“. Новата епизода веќе е прикачена на нашиот Јутјуб канал.