Криев дека станав татко: Ален Исламовиќ искрен кај Жаре

Ален Исламовиќ за себеси вели дека никогаш не бил рокер во вистинската смисла на зборот, рокер според очекувањата на луѓето во осумдесетите. Пејачот на „Бијело Дугме“ и на „Дивље јагоде“, во првиот „Еден на Еден“ специјал за оваа година, на Жаре му откри многу приказни.

„ Кога бевме на подготовки во „Бијело Дугме“ во 1986 година, на планината Бјелашница, сите видоа колку сум спортски тип. Трчав по снегот во осум наутро. Бреговиќ ме гледаше и ми се чудеше: „Што е со тебе, се подготвуваш ли за Олимпијадата?“. А во тоа време, вистински рокер важеше оној кој се дрогира. Јас никогаш не се лепам за чашката. Кога настапувам некаде, не барам биртија низ градот за да седнам и да се напијам“, е една од приказните кои ги раскажа Исламовиќ.

Ален и Бреговиќ на свадбата на ќерката Уна Фото: Showbizzmagazin

За раѓањето на својата најстара ќерка, Уна, Ален вели дека кога сопругата Маријана требала да се породи, тој со „Бијело Дугме“ бил на турнеја која траела шест месеци и одржале вкупно 160 концерти.

„ Намерно кружевме околу Загреб, имавме концерти во близината, чекајќи ја жена ми да се породи. Кога се роди ќерката, имавме настап во Петриња, близу Загреб. Отидов во болницата да ја видам, се вратив на настап, па купив нешто малку алкохол да го почестам бендот. Бреговиќ ме праша: „Можеш ли да пееш?„ Јас му реков: „Имам сила и енергија да пеам како никогаш претходно.“ Никој не дозна дека станав татко, освен бендот и техничарите“, му откри Ален на Жаре.

Речиси триесет години подоцна, Бреговиќ беше тој кој запеа за Уна, на нејзината свадба. Во 2015 година, Исламовиќ ја омажи ќерката, а Брега и Халид Бешлиќ, како и среќниот татко беа дел од гостите кои што запејаа. Целата емисија со Ален Исламовиќ погледнете ја на линкот:

M.Џ.