Се срамев од мажи како дете: Данијела Мартиновиќ во недела кај Жаре
Данијела Мартиновиќ сите ја знаат како весела, позитивна и зборлеста, но таа како тинејџерка била многу срамежлива. Хрватската ѕвезда е наша следна гостинка во Еден на Еден, во недела, од 18 часот на Канал 5 и приказната за тинејџерските и за детските денови е само дел од оние кои му ги раскажа на Жаре.
„ До толку се срамев како мала што не можев да ѝ купам цигари од трафика на тетка ми, само затоа што продавач беше маж“, му рече Данијела на Жаре. Подоцна, приказната на Мартиновиќ продолжува како песната на Бора Чорба, „Кад сам био млад“.
„ На 13 години почнав да пушам и многу бегав од часови“, раскажа Данијела додавајќи дека мајка ѝ имала големи проблеми со неа. Освен многуте приказни, таа одржа и мини концерт за публиката во студиото, со три од многуте нејзини хитови. Колку ни беше забавно на снимањето со данијела, ќе гледате во недела, на Канал 5 од 18.30. (М.Џ.)