Првиот бакнеж ми беше со Бајага: Данијела Мартиновиќ во Еден на Еден
Првата љубов на Данијела Мартиновиќ е Бајага, првиот бакнеж ѝ бил исто така со Бајага, му откри на хрватската поп-ѕвезда на Жаре во Еден на Еден. Но, не вистинскиот Бајага.
„ Имаше еден тип кој беше ист Бајага, онака висок, згоден. Дури и го викаа Бајага. Тогаш беше ултра популарна онаа негова песна „Зажмури“. Јас го фатив и го бацив“, му рече Данијела на Жаре.
Таа зборуваше и за својата сегашна љубов Петар Грашо, кој допрва ќе биде наш гостин во март, и откри еден дел од себеси кој нејзините фанови помалку го знаат. Меѓудругото раскажа и за нејзиниот скок со падобран и за причината зошто го направила тоа.
Како загревање за концертот во Скопје на 14 февруари, Данијела испеа три песни и заигра танго со Жаре. Погледнете ја најавата која ќе ви открие дел од она што ќе го гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30.