Не маваа со камења пред да почнеме да снимаме: „Медена земја“ со интересни приказни во Еден на Еден
Атиџе Муратова, главната протагонистка во филмот „Медена земја“ ја крена на нозе целата публика сношти на „Златна Бубамара на популарноста“.
Taa запеа една народна песна и два стиха, специјално напишани за наградата за интернационален успех што ја доби екипата.
Режисерката Тамара Котеска и кинематографот Фејми Даут се појавија на сцената заедно со Атиџе, но и со семејството на Љутфие Сам од филмот. Токму за анегдотите со семејството на Љутфие, ќе зборуваат Тамара и Фејми, во новата Еден на Еден, во недела од 18.30 на Канал 5.
„ Не маваа со камења, не ни даваа да пиеме од нивната чешма, а ние требаше да ги снимаме“, му раскажа Фејми Даут на Жаре за целиот пат додека семејството стекнало доверба во екипата. Медениот тим ни направи голем мерак што право од Холивуд дојде на снимање кај нас, неполн ден по слетувањето од Калифорнија. Гледајте ги во недела, заедно со специјалното интервју на Новак Ѓоковиќ за Еден на Еден.