Јас одговарам за сѐ, Данијела за ништо: Грашо искрен во Еден на Еден
„ Јас сум одговорен за сѐ во домот, а Данијела за ништо“, му рече низ насмевка Петар Грашо на Жаре, за својата долгогодишна партнерка, пејачката Данијела Мартиновиќ. Петар Грашо е гостин во вториот специјал на Еден на Еден, во недела од 18.30 на Канал 5.
„Ние живееме на две адреси, во Сплит и во Загреб, така што кој е каде, тој ги плаќа сметките“, му одговори Грашо на прашањето на Жаре како се поделени со обврските во домот.
Кога беше наша гостинка во јануари, и Данијела зборуваше за Грашо. По операцијата на гласните жици минатата година, откако докторот ѝ препишал молчење цел месец, Данијела рече дека Грашо бил најсреќен што таа конечно ќе молчи.
„Кога нешто сакав да му кажам, пишував на лист. И тоа со боици. Боиците ми ги искажуваа чувствата. Кога сум лута на пример, пишував со жолта“, раскажа Данијела во Еден на Еден.