Жељко Самарџиќ: Сакам да им свирам на комшиите, ќерка ми не дава
Жељко Самарџиќ секој ден во 20 часот излегува на својот балкон во Белград и им аплаудира на докторите и на здравствените работници од Србија заедно со своите соседи.
Познатиот пејач е во домашна изолација поради коронавирусот затоа што спаѓа во ризична група. „Секој ден излегувам на балкон во 20 часот и аплаудирам. Се мислам и гитарата да ја земам па да им запеам на комшиите, но мојата најмала ќерка Миња не дава. Таа не ги сака тие работи“, му изјави познатиот пејач на Жаре во првата Еден на Еден- Седи си дома.
Жељко вели дека жали што му се расипале плановите да дојде во Македонија и да сними спот со „Црвена јабука“. Требал да купи и нов миниван, но и тоа не го сторил затоа што нема каде да го регистрира, полицијата и општината не работат.
„Само на тебе и на жена ми вака им пеам“, му рече Жељко за крај на Жаре и додаде дека му пропаднале и плановите да замине на својот брод во Црна гора. Целата Еден на Еден – Седи си дома, погледнете ја на следниот линк: