Елена Ристеска: Ме фаќа параноја
Елена Ристеска вели дека ја фаќа параноја по дома откако е во превентивна изолација поради опсаноста од Ковид-19.
“Има еден клип што го гледав. Параноја та фаќа, почнуваш по пет пати сè да миеш по ред. Во кола имам еден антибактериски гел, во ташна имам еден, секаде имам по еден. Не сум верувала дека до толку параноја ќе создаде ова“, му раскажа Елена на Жаре во првата емисија што ја сними од дома, „Седи си дома“.
Елена зборуваше и дека новонастанатата состојба ѝ ги расипала плановите со бизнисот, козметиката со нејзин личен потпис која требаше да стартува. Елена бизнисот требала да го работи партнерски, но вели дека таа приказна завршила. „Останав сосема сама. Кога си сам во нештото, сам ги правиш одлуките и замислата е твоја“, рече Елена и додаде дека соработува со фабрики од целиот свет.
Секоја емисија со Елена е доживување само по себе. Еве едно потсетување како звучеше хитот „А можевме“ на хелиум.