Пеам и плачам до сабајле: Рутината на Гораст Цветковски
Актерот Гораст Цветковски на Жаре му раскажа како ги поминува деновите во изолација.
Додека Жаре вртеше скара а Гораст ги подготвуваше неговите специјални јајца во Еден на Еден – Скараџиска, Гораст се пофали дека овој период за него е многу убав.
„Порано децата ми легнуваа во 8-9, сега се будни до полноќ или до еден. Кога ќе заспијат децата, јас ја земам гитарата, пивото, и свирам до пет сабајле, полутивко. А, ако ме погоди некоја песна, плачам. Како на пример, „Тишина“ од Бајага“, рече Гораст.
Познатиот глумец раскажа и што појадува секој ден, а рецептот го сподели со гледачите. Гораст секое утро си прави кајгана, но само од белки, откако претходно ќе ги извади жолчките. Целата Еден на Еден – Скараџиска ја има на овој линк: