Работи кои не сте ги знаеле за Венко Филипче
Министерот Венко Филипче вели дека никогаш не пиел многу алкохол. Во минатата епизода на Еден на Еден, Филипче на Жаре му откри дека алкохол не толерира многу, а кафе почнал да пие од пред неколку години.
„Кафе почнав да пијам пред седум години, кога бев на специјализација во Швајцарија. И сега стасав до ниво да пијам 6 до 7 еспреса до 4-5 попладне. Не знам дали сум испил цистерна до сега, или Олимписко базен“, раскажа министерот.
Мусандра и Парамалибу биле негови места за излегување во младоста.
„Јас сум тост човек. Јајца на око, тоа можеби е премногу. Тоа е моето знаење во кујната. А кога друг готви, омилено јадење ми е паста. Едноставна, било каква паста со црвен сос“, му рече Филипче на Жаре на прашањата дали се снаоѓа во кујна.
Кога сето ова со вирусот Ковид-19 ќе заврши, тој ќе посвети сериозно многу време на неговиот син. „Многу работи што сме ги договарале заедно ќе ги направиме по оваа криза, кога ќе имам повеќе време“, рече Филипче на крајот на емисијата. За оние кои ја пропуштиле, еве ја целата Еден на Еден со Венко Филипче: