Антониа: Не јадам здрава храна, снимам нови песни
Пејачката Антониа Гиговска е среќна што откако заврши карантинот поради опасноста од ширењето на Ковид-19, може да се врати во студио и да сними нова музика.
„Подготвувам четири нови песни со Лазар Цветкоски. Исто така, планирам мојот концерт кој го одржав за време на карантинот во Автокоманда да го поставам на Јутјуб. Го гледаа повеќе од 80 луѓе што ми е многу драго“, изјави Антониа за Еден на Еден.
Таа додава дека ѝ е жал што за време на карантинот не внимавала на исхраната но вели дека со третмани за слабеење, ќе ги отсрани вишокот килограми.
„Не внимавам на исхрана, не можам да се одречам од некои задоволства, но вежбам и правам третмани за слабеење“, додава Антониа. Таа беше дел од гостите во 11 сезона на Еден на Еден. Погледнете како звучеше во живо во нашето студио.