Џамбазов раскажа како ќе го прослави 57 роденден
Игор Џамбазов на оригинален начин ќе го прослави својот 57 роденден, на 15 јули.
„Изборите закажани за 15- ти јули, мојот роденден. Еј животе, цигаро недогасена“, напиша Џамбазов на својот Инстаграм профил и го прозва Марфи за поклопувањето на датумите.
„Марфи се јави. Вистина се јави“, додаде Џамбазов кој е роден во годината кога катастрофален земјотрес го погоди Скопје. Тој тогаш имал само 11 дена.
Во една прилика, неговиот татко, маестро Александар Џамбазов изјави дека кога земјотресот на 26 јули започнал, Игор бил во своето креветче, и кога почнало да тресе, дел од ѕидот се срушил врз креветчето. Среќа е, раскажа композиторот Џамбазов што неговата сопруга, легендарната актерка Анче Џамбазова рагирала на време и го извадила Игор од креветчето.