Се ожени Маријан Стојаноски, наскоро ќе стане татко
Пејачот Маријан Стојаноски се ожени и наскоро ќе стане татко. Мац за убавата вест се пофали на својот Фејсбук профил, и објави фотографии со својата сопруга Наташа Каранџулоска, која е од Охрид.
Маријан и Наташа се свршија лани пред Нова година, но поради пандемијата со коронарирусот, им се пореметија плановите за свадба. На денешната венчавка, тие ги испочитуваа сите препораки и протоколи за заштита од вирусот.
Претходно, Маријан кој е оперски хорист, изјави дека неговата сопруга сака мирен живот и тој нема многу да ја експонира во јавноста. Честитки до Маријан и до Наташа од екипата на Еден на Еден.