Зошто Лозано го бие малер?
Влатко Лозаноски, кој изминатиов викенд славеше роденден вели дека имало многу случки каде што го биел малер, особено по настапите.
„Ми се случувало многу пати да ме ограбат по настап, во мојата работа може сè да се очекува. Не било само еднаш. Пред некое време ми ги украдоа сите лични документи. Имаше момент пред неколку години кога ми го украдоа микрофонот“, му раскажа Лозано на Жаре кога беше гостин во Еден на Еден.
Пејачот рече дека вредните работи обично му ги земале од автомобил, и дека ја научил лекцијата, сега внимава каде паркира.
„Откако ми ги украдоа дите документи, аплицирав за нови, и сега во моментов можам да се прекрстам со некое друго име, кум да си барам“, се пошегува Лозано. Емисијата со него беше една од најзабвните во Сезона 11. За убаво расположение, гледајте ја на следниот линк: