Слаткар: Човекот кога ќе се ожени се расипува
Човекот кога ќе се ожени се расипува, ама јас сум расипан уште пред да се оженам, вели Марко Маринковиќ- Слаткаристика.
Оваа негова изјава е една од најинтересните во кариерата. Му ја даде на Жаре кога гостуваше во Еден на Еден, во Сезона 9, додека читаше злобни коментари за него, како одговор на еден од нив кој вели дека Слаткар е доказ дека човек се расипува откако ќе се ожени.
Уште еден од коментарите тогаш, се однесуваа на песната „Кажи да“, со која Слаткар ја побара за жена Сања Николиќ, а со снимките од свадбата направи спот за неа. „Со Криско да направеше свадба ќе имаше 7 милиони“, вели коментарот мислејќи на бројот на прегледи. Спотот до сега го гледале 2,857,851 луѓе.
Слаткар деновиве е актуелен со новата песна, обработка на „Распукала Шар планина“ која исто така добро поминува со прегледи. Погледнете го новиот спот на Марко, и потсетете се на неговото читање злобни коментари во Еден на Еден.