Жаре го доби првиот подарок: Елена со свој бизнис
Еден на Еден изгледа дека ѝ е среќа на Елена Ристеска. Уште кога ни беше гостинка во Сезона 10, на крајот од 2018 година, таа најави дека ќе основа свој козметички бренд, со нејзин потпис. Жаре во таа емисија го доби првиот подарок од брендот на Елена, ЕРА, спреј за брзо растење коса. На сликата подолу ја гледате реакцијата на Жаре кога виде што му донела.
Во првата карантинска емисија од Сезона 11, „Седи си дома“, Елена пак ја угостивме во емисија, на онлајн снимање, во март годинава. Се спомна муабет на истата тема.
Елена тогаш раскажа дека пандемијата ја спречила да стартува со бизнисот според планот. Жаре ѝ посака среќа, и на Елена од вчера конечно и се посреќи. Женскиот и машки парфем ЕРА веќе се на пазарот. Среќно Елена, ако планираш уште некој бизнис скоро, да ни ни дојдеш прво во емисија.
За убав ден, еве една убава песна од Елена, што ни ја испеа во Сезона 10, „А можевме“, чиј автор е Тоше Проески.