Караџовски го покажа 18 години стариот автомобил во Еден на Еден
Освен што е вљубен во својата професија, епидемиологот д-р Жарко Караџовски е вљубен и во својот автомобил. Во втората епизода од Сезона 12, д-р Жарко на нашиот Жарко му раскажа за своето „Бенџо“.
„Ова е мојот Бенџо. Тој е 18 години стар и е највалканото BMW на светот“, рече Караџовски откако на Жаре му го покажа автомобилот на паркингот пред неговата зграда. Докторот рече дека од љубов не сака да го смени својот автомобил.
Меѓу многуте интересни лични приказни, тој раскажа и за тоа како ја преживеал поплавата во 1962 година, за тоа како поради патриотизам напуштил настан во Атина, и неколку пати апелираше да ги почитуваме мерките за заштита од Коронавирусот.
Yotube премиерата на целата емисија е вечерва од 20 часот на нашиот youtube.com/EdenNaEdenTV .