Што ќе добијат познатите од Дедо Мраз?
Нашата земја е омилена на добродушниот дедо од Северниот Пол бидејќи секоја година имаме се помалку жители, а аналогно на тоа и ќе треба се помалку подароци да носи со себе при посетата на Македонија.
Секако, во Македонија секоја година има и се помалку “познати” фаци кои вообичаено се први на листата на Дедо Мраз. Ние ексклузивно, со врски преку Мешевски, успеавме да стигнеме до тајната листа во која пишува што ќе добијат попознатите жители на нашата република! 😀
Зоран Заев – Учебник по “Основи на правото”. А до душа и учебник по “Историја за второ одделение”, а не ќе е лошо и учебник по “Основи на економијата”. Знаете што, кога ќе размислиме малку, полесно му се фаќа на Дедо Мраз да му даде еден ваучер за целосно основно образование.
Христијан Мицкоски – Бензин. За автомобилот, не за пиење. Повторуваме – ЗА АВТОМОБИЛОТ, НЕ ЗА ПИЕЊЕ!
Димитар Апасиев – Средба со Жаре Бербер (за да го потшиша, а не за да научи нови пцовки)
Никола Груевски – Ништо освен желби за најдобро здравје се до 2032, кога ќе се врати на политичката сцена како советник на СДСМ за намалување на разликите со Унгарија
Лиде Лиде – Lifesize cardboard cutout од Венко Филипче
Игор Ангеловски Мрме – Нов договор. Го заслужи.
Стојанче Ангелов – Нова ќерамида. Ја заслужи.
Даниел Кајмакоски – Се што има изгубено во последните неколку години ќе му биде вратено. Три пара чорапи, два пара гаќи, кариерата, неколку џамлии.
Македонската музичка сцена – Музичари
Македонската филмска сцена – Филмови
Македонската кошаркарска сцена – Кошаркарки
Македонската политичка сцена – Политичари
Тамара Тодевска – Прирачник “Како да се ослобдиш од тетоважа во само три едностсавни чекори?”
Ноне – Е Ноне нема да добие ништо, ама поклонот нејзин ќе биде порачан на адресата на #1на1 каде повторно ќе биде вработен сценаристот што упорно пишуваше шеги само за неа.
ДНК – Неколку сантиметри. Нивен избор е каде и како ќе ги искористат.
Талат и Инспекторот од “Преспав” – Космодиск за болки во грбот од тоа што на свои плеќи ја носат цела серија.