5 работи што може да ги правите ова лето
Се ближи лето и не знаете што да правите ова лето? Не се грижете! Тука е екипата на #1на1 да ви даде совети! Пет работи што може да ги правите ова лето!
- Седете дома. Корона има, нема потреба за шетање!
- Не седете дома. Отидете во СЦ Борис Трајковски и вакцинирајте се. Во тој случај можете да одите кај сакате!
- Гледајте Европско во фудбал. Најверојатно судиите ќе не зафркнат… ама сепак, навивајте за нашите фудбалери!
- Патувајте на одмор! Под претпоставка дека сте вакцинирани/негативни на ПЦР тестови/бестрашни секогаш може да патувате во или надвор од нашата земја!
- Истото што го правите секое лето. Скролање до бесконечност на фејсбук и инстаграм лајкајќи слики од “Album leto 2021”