Чорба во Еден на Еден!
Чорба или шорба е широка класа на чорби или богати супи кои се наоѓаат во националните кујни низ Блискиот Исток, Магреб, Иран, Турција, Југоисточна Европа, Централна Азија, Источна Африка и Јужна Азија. Често се подготвува со додадени состојки, но се служи сам како супа ил…. не, не, не! Не зборуваме за таква чорба!
Зборуваме за Борисав „Бора“ Ѓорѓевиќ алијас “Бора Чорба” – фронтменот на мегапопуларната група “Рибља чорба”.
За прв пат по седум години и неговото гостување во сезона 8, оваа недела во #Сезона15 ни доаѓа популарниот текстописец, пејач, поет, шоумен и човек што секогаш има што да каже!
Многу нови песни, огромен број на концерти и неколку нови албуми подоцна, екипата на Еден на Еден ви има спремено одличен разговор, кој како и останатите емисии од сезонава ќе биде поделен на два дела, со цел да опфатиме се што претходно не сме.
Првиот дел го гледаме оваа недела во 18:30 на Канал 5!