Правилото 10/10/10 или како да ја донесете најдобрата одлука?

Една од најопасните работи кои ги правиме е брзото донесување на одлуки. Кога се навраќаме на минатото и доколку се сетиме на сите погрешни одлуки кои сме ги донеле ќе дојдеме до заклучок дека голем дел од одлуките сме ги донеле поттикнати од копнеж за нешто, алчност, гнев или неможност да се воздржиме и да почекаме. На долг рок генерално се каеме за ваквите одлуки. Веруваме дека животот би ни бил многу подобар на можеме да имаме “undo” копче кога се работи за одлуките. Но за жал тоа го има само на нашите тастатури.

Можеме да не бидеме робови на емоциите. Краткорочните емоции кои ги доживуваме кога треба да донесеме некоја одлука честопати може да не натераат да донесеме погрешна одлука. Мораме да научиме да ги контролираме.

10-10-10-suzy-welch-194x300    Како и за многу работи, така и за оваа народот уште во минатото нашол многу паметни изреки. И со една изрека се објаснува како може да ги контролираме нашите емоции….Утрото е подобро од ноќта. Кога ќе преспиеме можеби ќе одлучиме подобро.

Секако, една ноќ секогаш може и да не е доволна, затоа треба да гледаме малку долгорочно. Сузи Велч, колумнист на Бизнисвик, магазинот на Блумберг, тоа го срочила во следново правило, го нарекла:

10/10/10

 

Еве зошто:

Кога носите некоја одлука, размислувајте на следен начин:

Како ќе се чувствувате 10 минути по носењето на вашата одлука?

Како после 10 месеци?

И за крај како после 10 години?

Значи нешто за кое ќе бидете среќни после 10 минути, можеби ќе направи да се каете за 10 месеци и многу ќе ве чини после 10 години.

Размислувајте по правилото 10/10/10 –  се согласуваме дека така ќе ја донесете подобрата одлука.