Како да бидете посреќни?!
Веројатно секој од нас тежнее да биде посреќен. Собравме неколку предлози кои се базираат на научни истражувања и кои доколку ги следиме и бидеме проактивни ќе ни донесат позитивни резлутати.
Проверете….
ТРОШЕТЕ ПАРИ НА ДРУГИ ЛУЃЕ
Без разлика колку заработуваат најсреќни се тие кои даваат. Тоа е заклучокот на студијата која го следела трошењето на другите луѓе како дел од нашата среќа. И навистина веројатно и Вие се чувствувате посреќни кога трошите на други.
ПРОБУВАЈТЕ НОВИ РАБОТИ
Не се плашете. Одете на места каде што не сте биле, пробувајте работи кои не сте ги пробале. Добро е да го ослобидите мозокот од грижи, тоа ќе ви даде енергија за иднината.
ИЗЛОЖЕТЕ СЕ НА СИНО
Со ова ќе се согласите. Можеби поради сината боја и сакаме да одиме на море. Истражувањата покажале дека преку изложување на сината боја се чувствуваме многу посреќни и го намалуваме стресот.
ПОСТАВЕТЕ СИ ЦЕЛИ
Не нереални, туку релативно достижни. Стимулирајте се себеси и наградете се кога ќе дојдете до некое ниво. Луѓето кои поставуваат цели, полесно и ги исполнуваат.
БИДЕТЕ НЕУТРАЛНИ
Не се нервирајте премногу. Не влегувајте во расправии кои не ви носат ништо. Кажете го Вашето мислење и не го наметнувајте. Во нечии туѓи расправии, останете неутрални..така е уште подобро.
СОН
Пресметале дека е сосема доволно 6 часа и 15 минути. Според истражувањата луѓето кои спиеле непрекинато толку време биле најсреќни.