Ни Јаре, Ни Паре !

Минатата година компанијата Види беше една од старт ап сензациите во Америка. Инаку оваа компанија е всушност како Инстраграм за видео. Со оглед на тоа дека Фејсбук е сопственик на Инстаграм денеска нема некој што не го знае. Компанијата беше купена од страна на Фејсбук за една милијарда долари и им реши повеќе животни генерации на сопствениците на Инстраграм… Но, да се вратиме на Види, сервисот е ист како Инстраграм со тоа што има опција да се постираат видео содржини и нормално да се споделуваат истите. За многу кратко сервисот беше одлично прифатен, функционираше по социјалните мрежи и постигна ниво од 30 милиони членови.
Во тој момент на Брет О’Браен му пријдоа од Твитер и му понудија 100 милиони долари за неговата компанија. Ќе се согласите, тоа е и повеќе од доволно да си се обезбеди себеси и неговите поколенија, но Брет изгледа сакал да дојде повеќе до милијардата која ја зеле сопствениците на Инстраграм и ги убедил оние што работеле во неговата компанија, а таа се проширила доста во меѓувреме, дека е паметно да ја одбијат понудата на Твитер.
Брет О’Браен собира капитал од разни инвеститори кои имаат доверба во него и компанијата стигнува до 370 милиони долари капитал.
И за кратко време, со само еден потег се оди во пропаст…
Фејсбук вели дека сервисот веќе нема да биде компатабилен со нивната платформа. Со други зборови не може да се користи Види за објави на видеа на Фејсбук.
Резултат……
Од 30 милиони сервисот паѓа до само 5 милиони корисници. О’Браен е сменет од местотото директор на компанијата.
Сега веројатно и за помалку пари би го продал бизнисот, но да има на кого…

Значи најлошото сценарио за старт ап бизнис би било:

  1. 1. Имате добра идеја и правите одличен бизнис кој брзо се развива
  2. 2. Ви нудат пари, но не доволно (сепак сакате да се продаде како таму некои други компании)
  3. 3. Одбивате и после тоа бизнисот почнува да оди надолу
  4. 4. За крај ве бркаат од фирмата која сте ја создале

Што би рекла народната: НИ ЈАРЕ НИ ПАРЕ!