Олимписки прстен – Њу Пагади!
Навидум се е ок… Путин си е во претседателскиот апартман во Сочи и си го следи отворањето на ЗОИ 2014. Арно ама…
Од петте цветови кои требаше да се претворат во олимписки кругови, расцветаа само 4! Причина, организаторите велат, е во човечка грешка на некој од техничарите на сцената.
Затоа, се постави прашањето како тоа на фотографијата кај Путин, направена во исто време кога се прави и грешката, се гледаат петте олимписки кругови?
Одговорот е во тоа што од режијата во тој момент ја пуштиле снимката од главната проба пред отворањето, кога се одело во најдобар ред. Така што и светот, и Путин видоа совршен почеток на Олимписките игри иако се случиле поприлично големи глупости во реалноста. Ама кога шефот ти е Путин, подобро секогаш имај резервен план, зашто инаку ќе летаат глави. Излезе дека стравот – и лозјето и олимпијадата ја чува!