Три мали економски правила

Не постои брз начин за решавање на нашите финансиски проблеми. Посебно не во време на постојани поскапувања. Сепак, можеби треба да дадеме шанса на овие три интересни правила кои треба да ни бидат појдовна точка кон подобра финансиска иднина:

1. СЕ РАДУВАТЕ ЛИ КОГА ТРОШИТЕ? ОБИДЕТЕТЕ СЕ ДА СЕ РАДУВАТЕ КОГА ШТЕДИТЕ

– Нормално, пред се треба да имате што да штедите. Сите си велиме така. Но, да се запрашаме колку радост чувствуваме кога купуваме некои производи. Чувството е навистина прекрасно. И треба да е така. Сепак можеби би било убаво да се обидеме да најдеме начини кои ќе не исполнуваат и при штедење. Можеби би било добро да се води евиденција за тоа колку со некој потег сме успеале да ја намалиме потрошувачката. На пример дали навистина го трошиме интернет пакетот кој го плаќаме или дали ги трошиме сите минути кои ги имаме на располагање. Кога ќе направиме збир од неколку навидум ситни трошоци можеме да скратиме неколку илјади денари месечно. Исто така кога тргаме пари на страна би требало да си поставуваме задачи колку овој месец треба да тргнеме на на штедна книшка. Кога поставуваме задачи што можеме да ги исполниме, треба да пробаме да бидеме дисциплинирани и да ги исполниме. Тогаш ќе се чувствуваме и побогати и поисполнети

01-1

2. ЗАВИСЕТЕ ОД СЕБЕСИ

– Постојано сме сведоци на обвинувања. Секој на секого му е крив. Според многу истражувања потребно е да се потпреме на себеси и најмногу на себеси. Кога ќе сфатиме дека зависиме само од нас ќе почнеме да се вртиме сами кон себе. Ова ќе предизвика неминовно преиспитување на тоа каде се наоѓаме и што треба да направиме со себеси. На тој начин ќе можеме да направиме вистински потези кои ќе ја направат нашата иднина подобра

02

3. ЖИВЕЈ ПОД МОЖНОСТИТЕ

– Светот не би одел напред доколку луѓето не трошат. Сепак се чини дека светот претера со конзумеризмот. Посебно претераа оние што трошеа повеќе отколку што имаа. Без разлика дали се држави или луѓе сите имаат проблем. Добро размислите кога ќе купувате нешто, дали го купувате од потреба или од желба. Доколку главниот мотив е желбата, подобро кажете не, барем за некое време. Верувајте на крајот така излегува подобро.