Три филмови за зимските спортови
Зимската олимпијада е во полн ек. Додека ги гледаме спортистите како се натпреваруваат во безброј спортови ви предлагаме неколку филмови кои се занимаваат со зимски спортови, доколку сте ги гледале потсете се, доколку не погледнете ги, времето за тоа е идеално
Урнебеска комедија со Вил Фарел и Џон Хедер во главните улоги. Зборува за уметничко лизгање и може само да замислите како Вил Фарел глуми машки лизгач. Ултрасмешно и забавно уживање. Ништо чудно што филмот заработи фантастични 150 милиони долари, а имаше три пати помал буџет
Ако постои некој што не го погледнал, овој филм треба веднаш да го ставите на листата “да се погледне”. Се зборува за тим на олимпијци кои сакаат да се натреваруваат на зимски олимписки игри и тоа во боб санка. Интересно е што тимот кој што се натпреварува е од Јамајка. Филмот има заработено десет пати повеќе од неговиот буџет
За крај еден ретро филм со Роберт Редфорд во главната улога. Сниман на локации на најпознатите скијалишта во Европа , зборува за скијач кој е избран во националниот тим на САД и кој ќе се натпреварува на олимпијадата во Гренобл во 1968 година. Велат дека филмот е е спортски, иако за него не се зборува многу за самиот спорт