Петте најмирни земји во светот
Ви го презентираме Глобалниот мировен индекс кој го креира Institute for Economics and Peace и ова според нив се петте најмирни земји на светот.
5. ШВЕДСКА
Само 9,000 грабежи годишно во САД има на пример 350,000. Два века не водела војна со никој
4. СЛОВЕНИЈА
Сместена на исклучително високото четврто место. Поради малиот број на полицајци и немири кои се случуваат во оваа држава со која до пред 25 години бевме во иста федерација
3. СИНГАПУР
Економски гигант кој 50 години го води една партија. Сепак успева да има супер раст и да биде исклучително мирна и стабилна земја
2. НОРВЕШКА
Малку дискутабилно, имајќи го во предвид масакрот кој го изврши Брејвик, меѓутоа според истражувањето глобално гледано Норвешка е исклучително стабилна и мирна земја
1. ДАНСКА
Ја потврдува доминацијата на овие нордиски земји. Наместо на војни луѓето се фокусираат на економски раст. Пример од кој може сите да учиме