Денот кога им се посреќи на Битлси
Компанијата Епл денеска е фирма која има преку 70.000 вработени и генерира профит поголем од 40 милијарди долари. Веројатно не постои човек кој има пристап до интернет или телевизија, а да не чул за нејзиното име. Компанијата е основана далечната 1976 година од страна на генијалните умови на имењците Стив Џобс и Стив Возниак. Денот кога фирмата е основана бил еден од најсреќните денови за популарните Битлси. Секако тие не знаеле за тоа, но историјата низ годините ја потврдила нивната среќа.
Зошто толку им се посреќило?
Десетина години пред Џобс и Возниак да го направат нивниот, преку океанот некој веќе имал регистрирано фирма која се вика Епл. Мултимедијална компанија која ги издава меѓудругото албумите на Битлси и компанија на која секако тие самите се сопственици. Како што расте бизнисот на Епл компјутери, така тие стануваат се познати во светот и се појавува прилика за…. добрата стара тужба. Токму така, веќе етаблираните рок ѕвезди ги тужат Епл компјутери за нарушување на нивните права. Стив Џобс, таков каков што го дал господ ни на крај памет нема намера да го менува името на неговата фирма и по неколку години по судови го решава спорот за смешни 80.000 долари, но со една клаузула дека Епл компјутери не смее да влегува во музичкиот бизнис, додека Епл на Битлси не смее да влегува во компјутерскиот бизнис.
И се би било ОК доколку Стив Џобс не беше толку генијален и не реши да влегува во музичкиот бизнис. Од друга страна на Џон Ленон, Пол Макртни и останатите ни на крај памет не им падна да произведуваат компјутер.
Па така во 1986 година Епл во неговите компјутери почна да вградува софтвер за снимање и полека но сигурно навлегуваше во несигурна територија. Адвокатите на англичаните беа на штрек и почнаа да се редат тужби. По долги години борба по судови се појави и популарниот ајпод и секако дека веќе немаше враќање. Спорот мораше да се затвори по секоја цена. Харизатичниот Џобс не сакаше никој повеќе да му стои на патот на неговиот сон. Човекот сакаше да плати, а имаше многу, навистина многу пари на располагање.
Епилогот на оваа приказна се неверојатни 500 милиони долари оштета која фирмата на Битлси ја добива. Но, кога сте компанија голема колку Епл се чини дека тоа се пари кои вредат да се дадат. На крајот целата колекција на албуми беше достапна за косрисниците на ајпод и со тоа се оствари уште еден од многуте сонови на големиот Стив Џобс.
А дека историјата се повторува потврди и последниот случај со кој Епл и плати феноменални 21 милион долари на Швацарската железница за нивниот часовник кој го има на новиот ајпед. Колку часовниците се слични (исти), видете и самите