Американско, а светско !

Глобализацијата е работа која не може да се избегне. Голем број на компании за кои мислиме дека потекнуваат од некоја западна земја, всушност денеска се на пример индиски или кинески. Процесот на глобализација на големо го чувствуваат во САД. Па така денеска голем број на компании кои американците мислат дека се домашни, всушност имаат сопственик од некоја сосема друга земја.

Проверете дали знаете чиви се овие, навидум американски брендови:

01

Бадвајзер, најпознатото американско пиво, секако дека сеуште се произведува во САД, меѓутоа сопственикот на компанијата Ин Бев, бразилко-белгиска компанија. Ајнхаузер Буш се викаше порано производителот на Бад, денеска компанијата има име – Ајнхаузер Ин Бев. Типичен пример за глобализациска промена.

02

Good Humor, да не го преведуваме како Добар Хумор е компанија која произведува сладоледи од 1920 година. Нивните сладоледи ги пробале оние кои прошетале малку подалеку, кај нас за жал ги нема. Веќе подолго време нивни сопственик е Унилевер, добропозната компанија и кај нас.

03

Севен Елевен, најпознатиот синџир на продавници. И да не сме биле во САД ги знаеме од филмовите. Имаат неверојатни 7.000 продавници. Интересно е што во Јапонија има 14.000 такви продавници и токму во Јапонија се наоѓаат сопствениците на овој бренд.

04

Добрознатата компанија за производство за гуми е формирана далечната 1990 година во САД во Охајо. Не знаеме дали знаете, меѓутоа Фајрстоун повеќе од 20 години е во сопствеништво на Бриџстоун кој е од Јапонија.

05

Еден од најголемите споменици на Њујорк е зградата Крајслер, која ја гледате на сликата. Инаку оваа зграда е трета најголема во големото јаболко. Доколку не сте знаеле сопствениците доаѓаат од Дубаи и имаат 90% сопствеништво на зградата.