#Маркетинг2014 > #Оскари2014
Ако не сите, бар повеќето ја видовме сликата. Водителката на овогодинешните оскари – Елен, собра дузина од најпознатите актери и направи едно селфи што потоа побара од гледачите да го ретвитнат во што поголем број. Сликата ја виде цел свет, доби масовен оддек, и сите што ја видоа забележаа уште нешто освен многу познати лица од актерскиот свет. Го забележаа и Самсунгот во рацете на Бредли Купер. Самсунгот наводно е на Елен, но она што внимателните маркетинг лица од индустријата забележаа е дека и пред таа слика, а и неколку минути по таа слика, Елен упорно твита и постира слики од нејзиниот Ајфон.
Случајност или штотуку бевме сведоци на еден од најгенијалните продукт плејсмент потези во историјата на забавната индустрија?