Номинираните за споредни улоги глумеле за минималец

Сте го гледале ли филмот за капетанот Филипс? Оној со Том Хенкс во главната улога.
Се сеќавате ли на Муса, главниот сомалиски пират кој што го киднапира капетанот Филипс.

movie
Неговот име е Баркхад Абди и пред да ја игра улогата на Муса немал никакво филмско искуство. Бил возач на лимузина и се пријавил на кастинг. За улогата на Муса заработил минимални 65,000 долари. Инаку ова е баш минималец во Холивуд. Филмот имаше буџет од 55 милиони долари. На крајот Муса доби БАФТА награда за најдобра споредна улога, а беше и номиниран за најпрестижната награда Оскар.
Кога дознал дека ќе глуми, нормлано дал отказ од работа, но интересно и по завршувањето на филмот сеуште нема некоја нова понуда. Изминатиов период се вратил во неговата Минесота да работи во продавницата за телефони кај брат му, но сега повторно се обидуваа да успее во Холивуд каде живее и се надева на нова шанса.

Патем речено уште еден номинаран за споредна улога оваа година, актерот Џона Хил работел за ваков минималец во филмот Волкот од Вол стрит. Кога дознал дека режисер ќе биде Мартин Скорсезе, сметал дека тоа е шанса што не смее да ја пропушти и веројатно веднаш им кажал дека ќе игра за минималец

www.indiewire.com