Измамници, преваранти и останати шпекуланти
Ги нарекуваат, бели криминалци, со оглед на тоа дека нивното злосторство не вклучува убиства, физичко насилство и насилно однесување. Напротив, преку користење на психологија и преку користење на слабостите на луѓето успеваат во основа да ги добијат на тацна парите од нивните “муштерии”. Светот памети многу вакви личности. Еве ги најпознатите меѓу нив:
Чарлс Понзи
Неговото презиме ќе остане уште многу години познато, без разлика дали некој чул за него или не. Во времето кое оперирал (на почетокот) на дваесетиот век бил еден од најпознатите во оваа област. Пристигнал од Италија во 1903 година и за 13 години основа компанија која на инвеститорите им ветувала брзи профити во рок од само неколку недели. Нема потреба, дополнително да објаснуваме дека всушност направил една пирамида на која уште во старт прашање на време било кога ќе и дојде крајот. Скоро еден век подоцна преку ТАТ и ние дознавме на кој принцип тоа фукционира во пракса
Виктор Лустиг
Можеме да го наречеме, холивидски измамник. На почетокот на неговата кариера важи за успешен сценарист, пишува сценарија за неколку серии и успева да продаде сценарио за филм и за тоа е платен 1,2 милиони долари. Овој дел од неговиот живот е легален.
Дека е измамник покажува кога на еден весник од Канада се обидува да му продаде интервју со ЏД Селинџер, светски познатиот автор. Проблемот е што интервјуто никогаш не постоело и си го правел сам со себе. Низ кариерата успева да го користи овој принцип и продава вакви интервјуа ширум регионот. Среќата му завршува дури лани кога е уапсен за фалсифкување чекови и е осуден четири години затвор.
Стивен Џеј Расел
Во 1925 година добива идеја да ја продаде Ајфеловата Кула. Шири приказна дека Француската влада решила да ја трга од местото каде што се наоѓа и како “претставник” на француската влада бара понудувачи некој евентулано да не сака да ја купи кулата. По пазарен принцип собира понуди и ја продава на најдбриот понудувач. Од срам, човекот кој ја купил кулата не го ни пријавува во полиција.
Подоцна Лустиг завршува во Алкатраз на 20 години. Негов совет со колегите е да чекаат нивната мета да искаже политички став и подоцна тие да се согласат со него. Втората работа е никогаш да не пијат.
Стивен Кунс
Сте го гледале ли филмот: Те сакам Филип Морис. Џим Кери ја играше улогата на Стивен Џеј Расел. Познат е по тоа што успева да стигне до позиција директор на компанија што се занимава со медицинско осигурување со тотално измезлено резиме. Расел е хомосексуалец и добар дел од заработените пари ги користи да му овозможи убав живот на неговиот партнер, кој патем речено во филмот го глумеше Иан Мегрегор. Апсен неколку пати и притоа со неколку бегства од затвор, познат е и по тоа што успева по телефон да се јави кај адмнистравците велејќи дека кауцијата за негово ослободување не е 950.000, туку 45.000 долари, на тој начин успевајќи да избега од затвор.
Осуден е во Тексас до 2140 година.