Кики Лесендриќ во Еден на Еден – Чолиќ мрази да пее!
Кики Лесендриќ беше единствен гостин во новата епизода, и очигледно имаше добра причина за тоа. Кики е нетипична ѕвезда, исклучително опуштен и релаксиран, зборуваше за професионалниот успех, но и за многу приватни приказни и дружења.
Фронтменот на ”Пилоти” за негова среќа бил избркан од Драмскиот факултет во Белград, еден е од ретките на кои Балашевиќ му има пишувано песни, а бил и член на падобранска дивизија во југословенската војска заедно со Горан Каран, па така името на неговата група (која името го има добиено поради една многу интересна причина) не е единствената работа која го асоцира на небо и летање.
Секако се зборуваше и за најактуелната тема, тоа е финалето на Икс Фактор и за тоа кој е неговиот главен фаворит Даниел Кајмакоски. Зошто токму Даниел? Погледнете го целото интервју со одличниот Кики Лесендриќ