Реклама на денот, Ден на лицата со Даунов синдром
Денеска е ден на лицата со Даунов синдром.
Кога една мајка во Италија дознава дека бебето кое се наоѓа во нејзиниот стомак има генетско пореметување и ќе има Даунов синдром, решава да напише писмо до една организација која се занимава со луѓето кои го имаа овој синдром. Мајката прашала:
Каков живот ќе има моето дете?
Ова било основна точка за агенцијата Saatchi & Saatchi Италија да креира една одлична кампања за лицата со Дауновиот синдром. На овој начин е одбележан 21 март, денот на лицата со Даунов Синдром.
Погледнете го видеото: