Се плашам исто како и пред 40 години
Легендарниот Влатко Стефановски повторно ќе ни биде гостин. Повод за тоа е неговиот концерт на 28ми, а секако нема да се прескокнат и секогаш интересните теми како Леб и сол, разните патувања, концерти итн. Ќе видиме едно исклучително интересно и искрено интервју во кое Влатко ќе открие многу занимливи лични работи. Иако тоа го прави ретко, Влатко повторно ќе засвири и тоа овојпат на гитарата на Жаре.
Свое претставување ќе има и Миле Стојкоски, хуманистот познат по своите патувања до Пекинг, Лондон и Атина кој ќе раскаже се за тоа како стана на нозе после цели 16 години поминати во инвалидска количка.
Гледајте на Алфа оваа недела (23.03.) во 20 часот