Шевролетот ќе живее повеќе од Вашето куче?!
Од Шевролет веќе подолг период соработуваат со млади филмаџии кои им помагаат во креирањето на рекламни спотови. Па така од глем број снимени реклами бираат една и го емитуваат во прајм тајм термин како на пример за време на супербоул.
Истиот принцип беше применет и на оскарите оваа година. Пристигнаа дури 200 филмови, 12 влегоа во финалето, а победи нормално еден филм кој беше емитуван во еден од рекламните блокови.
Сепак, една реклама што беше финалист побуди поголем интерес од победникот. Рекламата или е многу фалена или е омразена. Целта можеби била да се покаже дека шевролетот ќе го надживее кучето или како кучето и шевито ќе биде тука во вашиот живот. Како и да е рекламата започнува кога кучето е старо и е однесено на спиење, а потоа има некои ретро слики. Дебатата е дали можеби користењето на вакви емоции е претерано.
Оценете сами….