Не вози кога си надуван!
Не знаеме дали ви е познато, но државата Колорадо ја има одобрено употребата на марихуаната и тоа рекреативно и медицински. Секако со одредени ограничувања, но во основа може да си ја купите во специјална продавница. Колку е тоа паметно, веројатно ќе покаже времето, но сепак Колорадо си има и ограничувања…кога си надуван не смееш да возиш…
И така започнува јавна кампања која сака тоа да им го објасни на жителите и посетителите на оваа земја.
Еве како…
Интересно про-марихуана поборниците велат дека ова е претерано и дека нема никаков проблем да возиш кога си надуван. Очигледно тоа што можеш да купиш марихуана слободно, не им е доволно.