Синатра се враќа…на шише Џек
Џек Даниелс реши да оди со покојниот Френк Синатра, како дел од новата кампања на еден од најпознатите алкохолни пијалоци во светот. Комбинација на архивски слики, постери и нова дигитална технологија го создадоа промотивниот спот Frank The Man.
Во спотот кој трае 30 секунди се промовира специјалното издание на Џек Даниелс кое ќе чини 150 долари. Во спотот Френк се дружи со Џеки Глисон комичарот кој го запознал Френк со Џек во раните 40ти години.
За разлика од други реклами во кои се користат веќе одамна починати познати личности, оваа реклама е направена навистина со вкус и на ненападен начин.