Twitch, You Tube за гејмери

Некои работи е навистина чудно како може да успеат, а уште да се исклучително профитабилни. Или можеби нешто што им е чудно на едни луѓе, е нормална работа за други.
Па така кога дознавме за Twitch и кога видовме што е тоа си помисливме, човеку…кој би можел ова да го прави. Но се испостави дека тоа е феноменален бизнис модел.
Twitch е you tube за гејмери. Милиони гејмери си играат игри и се пренесуваат во живо и нив некој ги гледа како играат. Во секое време ако влезете на овој сајт ќе може да си гледате како гејмерите во светот играат разни типови на игри.
13 милијарди минути месечно луѓето гледаат….а гледаат тоа што еден милион гејмери играат. А се пренесуваат и турнири што се организираат помеѓу гејмерите во целиот свет.За време на таканаречениот пик интернет период, Twitch e на четвртото место во САД по реализиран сообраќај преку овој веб сајт.
Секоја платформа за играње и секоја игра користи можност преку овој веб сајт да се промовира и рекламира себеси. Бидејќи нивната публика е собрана буквална на едно место, а ги има буквално од цел свет.
1