Адвертајзинг Гиганти
Адвертајзинг пазарот во САД е најголем во светот и секако дека трендовите кои се случуваат таму на еден или на друг начин се пренесуваат во целиот свет.
Очекувано големите и средните фирми трошат 78% од сите пари кои се трошат на пазарот на реклами. Трошењето е зголемено за над 3% споредено со минатата година. Малите фирми се останатите потрошувачи и тие за 2013 година го намалиле трошењето за нешто повеќе од 6%.
Проктер и Гембл е убедливо на прво место со потрошени скоро 3,2 милијарди долари за реклами за 2013 година, зголемување од 11%.
Џенерал Моторс до скоро најголемиот производител на автомобили во светот потрошил скоро 1,8 милијарди долари. Исто така двоцифренео зголемување на буџетот за 2013 година или 10% повеќе пари потрошени за реклами.
Трошењето на маркетинг на првите две фирми е големо колку буџетот на нашата земја.
АТиТ и Верајзон, телеком гигантите во САД се на трето и четврто со потрошени 1,7 и 1,2 милијарди долари.
Фармацевсткиот гигант Фајзер е компанијата која најмногу го зголемила буџетот и тоа за скоро 27% и за 2013 потрошиле над 1,1 милијарда долари.
Првата десетка вкупно имала буџет од 15,9 милијарди долари.