Иднината на телефоните
Неколку интересни графикони кои доѓаат од повеќе релеватни институции кои ја предвидуваат иднината на мобилните телефони и нивното значење за економијата:
До 2018 година се очекува да се потрошат близу 100 милијарди долари на рекламирање на телефоните. Скокот е голем доколку ја споредите и 2012 со 2013, но ренесансата сеуште не ни започнала.
Луѓето кога нарачуваат он лајн сеуште тоа го прават од нивните десктопи. Но, ова ќе се смени благодарение пред се на таблетите. Преку мобилни телефони и таблети ќе се нарачуваат производи во вредност од 638 милијарди долари, толку колку што изнесува денеска целокупната е трговија.
Засега, како што кажавме огромен дел од целата трговија се реализира преку десктоп компјутерите.