7 начини како да се (под)оправи државата
Прво, под итно некој да ја најде Ерзана и да и направи голем концертен кам-бек во Борис Трајковски, каде предгрупа ќе и бидат новоформираниот бенд Кралеви на свингот, составен од Сашо Спасовски, Јаков Дренкоски, Бојс и Арчи. Ноќна кралица да биде рингтон на сите телефони и секое радио и телевизија да има задолжителен еден час пуштање музика и спотови од Ерзана. Телма да биде казнета зошто исполнила 57 и пол минути.
Второ, да се возобнови фабриката Годел. И не да прави кондури туку само за да може пак да присуствуваме на финалиња МЗТ – Годел. КФМ исто така да донесе правило во МЗТ доживотно да игра Перо Блажевски и еден црнец што без разлика како се вика, на дресот да му пишува Дин.
Трето, Каролина да се омажи еднаш засекогаш! Мажот да и го избереме на референдум на кој Гроздан како опција ќе биде запишан два пати. Да се организираат протести ако не биде избран.
Четврто, Мечето Ушко да мораат да го гледаат сите деца пред спиење. Сабајлето во школо да бидат испрашувани за вчерашната епизода и од тоа да им зависат оцените по сите предмети.
Петто, да се врати 20 денарката.
Шесто, Александар Деловски пак да ги чита вестите. Не дека ќе се нешто поарни ама Деловски си е Деловски.
Седмо, К15 да се вратат на телевизија. Не на една, на сите! Секоја телевизија, секој ден да мора задолжително во 15 часот да почнува К15 маратон. Телма да биде казнета зашто почнала во 15:02ч.
*не постои никаков правен, разумен или кога сме кај тоа, каков било аргумент дека било што од ова може да ја (под)оправи државата. Доколку имате слични смотани идеи, слободно пишете ги во коментар 🙂