Неколку добри навики

Познатиот автор Наполеон Хил составил листа од навики кои ги имаат луѓе кои се доста сакани од другите луѓе. Во основа доколку некој Ве сака, постои можност повеќе да ве награди или доколку сте сакан постои повеќе можност и да напредувате, да го продадете својот производ и слично. Овие навики ни се видоа интересни и решивме да ги поделиме со Вас:

 

  1. 1. Имајте позитивен став кон работите и гледајте тоа да го увидат другите. Лесно е да бидете циничен и песимист, пробајте со обратното
  2. 2. Зборувајте јасно и пријатно и гледајте да ве разберат што зборувате. Вашиот глас треба да има тон кој што е пријатен за слушање
  3. 3. Не влегувајте во збор, сослушајте ги луѓето кога ви се обраќаат. Навидум проста, но многу ефикасна навика
  4. 4. Трпеливост и неизбуливост. Однесувајте се смирено и во ситуации кога другите би реагирале емотивно
  5. 5. Бидете трпеливи
  6. 6. Имајте отворен ум, прифаќајте го туѓото мислење
  7. 7. Смејте се кога зборувате со луѓето
  8. 8. Не кажувајте секогаш што мислите
  9. 9. Правете добри работи без да очекувате нешто за возврат
  10. 10. Имајте човек на кој ќе може да му се доверите. Некој кој што ќе ви ја каже вистината колку и да не сакате да ја чуете