Ве носиме во германскиот олипмиски и спортски музеј!
Добро, не ве носиме буквално. Бевме ние, дел од екипата на Еден на Еден, па сега да ви покажеме што видовме. И не туку се буните сега дека очекувавте да ве пакуваме за Келн. Чисто за информација не ни смеевме да сликаме ама македонче ако не се снајде, кој 🙂
Значи, во Келн се наоѓа германскиот спортски и олимписки музеј. И е ПРЕПОЛН со интересни работи. Започнува од старо време и прапочетоците на олимписките игри и продолжува до понови работи како првите пинг понг рекети…
Првите микрофони за коментирање фудбалски и спортски натпревари во живо…
Амблемите на разни спортски организации за време на владеењето на нацистите кои биле манијаци за тоа свастиката да ја има сегде, наводно “не го личело” нештото без тоа…
Вака целата приказна продолжува се до најмодерниот период од спортот и најновите постигнувања и рекорди. А има некои да те заболи глава! На пример рекордот на Хавиер Сотомајор во скок во височина. 245 cm!!! 2 метра и 45 сантиметри алооооо!!!!!
Или пак рекордот во скок во далечина на Мајк Пауел од 895 cm. САМО 5 сантиметри помалку од 9 метри! Нездраво…
Музејот изобилува со лични предмети од ептен познати спортисти кои ги дале со ќеиф за да бидат покажани пред фановите… Може да се сретнат полно такви, а секако најмногу има од германските спортисти –
Еден од трофеите што Штефи Граф ги има освоено на Вимблдон…
Личната опремата што на турнир ја носел Борис Бекер и еден од рекетите што го има направено попара при нервозен момент за време на меч…
Болидот од првата шампионска сезона на феноменалниот Михаел Шумахер, неговиот комбинезон и патики…
Има и по нешто од далеку понепознатото братче Ралф…
Патиките што ги носел Дирк Новицки на НБА ол старот во 2002…
Шампионскиот прстен на единствениот германец што бил светски боксерски шампион во тешка категорија (1930-1932 г.), Макс Шмелинг…
Дресот и копачките што Лукас Подолски го носел на некој натпревар на Арсенал. Не запамтивме за кој натпревар се работи 🙂
А има и супер интересни негермански работи, како на пример патиките на никој друг туку лично, Шекил О’Нил. Дами и господа, бујрум патика број 59!!!
И топката со која се играше натпреварот меѓу Англија и Шведска на светското 2006 (2:2)…
Секако има и некои реплики. Нормално, не се она вистинското ама знаат да импресионираат. На пример, репликата на трофејот што го добива победникот на СП во фудбал…
Победникот на лигата на шампионите…
Репликата на патиките што ги носел Џеси Овенс на олипијадата во Берлин 1936 кога црниот Џеси Овенс му мавна шамар на наци режимот и желбата за доминација на “аријевците” со освојување на дури 4 злата (100 и 200м, штафетата 4 x 100m и скок во далечина)
А има и реплики од неколку познати фудбалери од историјата. Овде се тандемот Франц Бекенбауер и Жарко Димитриоски, попознати како Кајзерот и Шмајзерот (Der Kaiser und Die Schmeiser)…
Посетата на германскиот спортски и полимписки музеј завршува со собата посветена на спортскиот коментатор Курт Бруме. Во неа има голем ѕид со огромен број потпишани дресови, знамиња на тимови, лични работи на спортистите и што се не… Знамиња од речиси сите познати светски и европски клубови, потпишан дрес од Пеле, ракавици од Мухамед Али и уште многу други врвни предмети…
Тоа е тоа. Само маааал дел од германскиот спортски и олимписки музеј сликан без дозвола од надлежните. На здравје! 🙂